АЕТМ: Интервју со Александра Бела Белчева, ко-сопственичка на Митрa


 
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија направи интервју со Александра Бела Белчева, ко-сопственичка на Митра, за искуството на отворање на онлајн продавница и воопшто започнување на сопствен е-бизнис, како и за целите и плановите на Митра за оваа година.

Споделуваме дел од интервјуто во придолжение.

АЕТМ: Да започнеме од почеток, дали може да ни кажете како се роди идејата за отворање на онлајн продавница и воопшто, започнување со сопствен бизнис?

Александра: Идеата за основање на сопствен бизнис веќе подолго време ја размислував и сакав да започнам моја приказна со која што ќе се оделам од семејниот бизнис и ќе внесам нов предизвик во животот и кариерата. На иста патека беше и мојата драга пријателка Александра, па така ме покани заедно да ја основаме Митра и сега веќе освен пријателството не спојува и партнерството.

АЕТМ: Дали може накратко да ни го раскажете вашето искуство со отворање на вашата онлајн продавница? Кои беа најголемите предизвици со кои што се соочивте на почетокот?

Александра: Од моментот кога решивме да ја основаме Митра до пуштањето во етер на Mitra.mk поминавме долг процес најпрво на подготовки подоцна и на реализација на целата идеа. Месеците кои ги поминавме во градењето на позадинскиот дел на Митра беа супер забавни и деновите ги поминувавме во постојана работа и посветеност на што поперфектно реализирање на нашата идеа. Најголемиот предизвик ни беше претставувањето и презентацијата на идеата што сакаме да направиме преку Mitra.mk на македонскиот пазар на нашите соработници, кои ние ги наракуваме наши партнери, бидејќи имаат голема улога во градењето на нашата онлајн продавница но и на Митра како бренд.

АЕТМ: Митра.мк постои веќе неколку месеци на македонскиот пазар. Како сте задоволни од досегашниот одзив на македонската публика за вашата онлајн продавница?

Александра: Досегашните бројки ни кажуваат само дека имаме супер резултати од нашата досегашна работа. Она што е најважно и што го научивме за овие 4 месеци работење на Mitra.mk е дека македонските купувачи се расположени за онлјан купување и тоа го гледаме како прва лекција која што треба да ја совладаме во текот на овој процес на градење на нашата онлајн продавница.

Прочитајте го целото интервју тука