Brainster: Интервју со Александра Бела Белчева, ко-сопственичка на Митрa


 
Пред започнувањето на сопствен бизнис и ко-основањето на е-продавницата Митра, Александра Бела Белчева ја посетуваше Академијата за дигитален маркетинг во Brainster. Дипломирана на факултетот за Детективи и безбедност, реши да ја сврти својата кариера во сосема нов правец 🙂

Brainster ѝ поставија неколку прашања на Александра за нејзиното искуство на Академијата и за тоа како истата ѝ има помогнато со водењето на Митра. Во продолжение дел од разговорот:

Што е Митра? Раскажи ни на кратко.

На почетокот на 2019та година заедно со мојата многу добра пријателка и имењачка Александра, решивме да се впуштиме во еден сосема нов и непознат предизвик за нас и да ја основаме Митра. www.Mitra.mk е нова неспецијализирана е продавница и како што ние „љубиме” да кажеме Митра е резултат на нашиот животен стил, базиран на љубов, заедништво, дружење и потреба за комуникација. Се работи за онлајн продавница, фокусирана на квалитетна понуда, едноставно и брзо плаќање, надградено со експресна достава со еко-пријателски возила.

Каде се вклопи Brainster во целата оваа приказна? Како дозна и се реши да се запишеш на Академијата?

Како што ја градевме приказната на Митра, се соочувавме со различни предизвици и учевме многу нови работи кои до тогаш ни беа познати, но немавме никакво искуство и допир со истите. Се соочивме со многу нови поими, теми и во еден момент сфативме дека иако и двете сме биле во претходен допир со продажба и маркетинг, сепак со развојот на технологијата и науката, е-commerce-от и маркетингот кои нам ни се потребни за да ја развиваме нашата приказна, бара еден поинаков пристап во работата за која ние и немавме многу познавање.

Прочитајте го целото интервју тука