Дневна рутина за нега на кожата на лицето

Свежа, мазна и совршено хидрирана кожа… Супер звучи а уште подобро изгледа 😊

За да ја задржиме потребната хидратација на кожата на лицето и да бидеме задоволни од тоа што го гледаме во нашето огледало, покрај гените, здравиот начин на исхрана и конзумирањето на големо количество вода, потребно е да си направиме навика за секојдневна рутина која ќе ни биде неизбежна и ќе ја практикуваме без изговори.

На нашата секојдневна рутина за нега на кожа треба да гледаме како на три чекори кои постојано се повторуваат рано изутрина и навечер пред спиење:

  • Чистење – Миење на лицето
  • Тоник – Балансирање на кожата
  • Хидратација – Навлажнување на кожата

Нашата листа содржи повеќе производи кои ќе одговорат на овој „предизвик“ наречен дневна рутина.

ЧЕКОР 1: ЧИСТЕЊЕ

Пред да започнеме со нанесување на било каков продукт на нашата кожа, темелно и длабински треба да ги отстраниме нечистотиите кои ни се насобираат на лицето. Постојат различни производи и начини за чистење на лицето, а сите си ги одбираме најсоодветните за нас:

AFRODITA CLEAN PHASE ПЕНА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЛИЦЕ

Оваа пена за лице за мешана и мрсна кожа темелно ја чисти и одмрсува кожата без да ја исуши и ѝ ја одржува природната pH рамнотежа. Исто така може да се користи за отстранување на шминка.
 

КУПИ СЕГА
 
 
AFRODITA CLEAN PHASE ХИДРАТАНТЕН ГЕЛ ЗА ЧИСТЕЊЕ

Со богата кремаста текстура која нежно ги отстранува нечистотиите или шминката од нашето лице. Дополнително ја стимулира регенерацијата на клетките и е со екстракт од пробиотици кој придонесува за зајакнување и одржување на природниот микробиом на кожата. Се користи наутро и навечер и е погоден за сите типови на кожа.
 

КУПИ СЕГА
 
 
AFRODITA CLEAN PHASE КРЕМ ЗА ПИЛИНГ

Кремот за пилинг кој содржи гранули од кајсија и алантоин, нежно ги лупи мртвите клетки од нашата кожа и ја стимулира нејзината регенерација. Пилингот се користи еднаш или два пати неделно, или по потреба за да ја навлажниме кожата. Го нанесуваме со масирање една или две минути и потоа го исплакнуваме со топла вода.
 

КУПИ СЕГА
 
 
AFRODITA CLEAN PHASE МИЦЕРАЛНА ПЕНА

Нежно ги отстранува нечистотиите, шминката и трагите од загадувањето, а благодарение на додадениот навлажнувачки комплекс ја храни кожата и помага да се спречи да се исуши. Ја нанесуваме наутро и навечер на влажно лице, нежно триеме и исплакнуваме со топла вода.
 

КУПИ СЕГА
 
 

ЧЕКОР 2: ТОНИРАЊЕ

Откако завршивме со првиот чекор и го исчистивме лицето, спремно е за тонирање. Тоникот е производ кој во минатото избегнувавме да го користиме, но денеска благодарение на новите формули е значен за нашата нега и затоа го третираме како „суплемент“ кој придонесува за дополнително нанесување на хранливи материи на нашата кожа и им помага на останатите продукти избалансирано да се апсорбираат во кожата.

AFRODITA CLEAN PHASE ТОНИК

Овој тоник го изедначува тонот на кожата, ги штити клетките од оштетување од загадувањето и го спречува создавањето на нечистотии. Исто така ја обновува и природната pH рамнотежа на кожата. Содржи екстракт од пробиотици кој го зајакнува и го одржува природниот микробиом на кожата. Го нанесуваме на исчистена кожа и го оставаме да се апсорбира.
 

КУПИ СЕГА
 
 

ЧЕКОР 3: ХИДРАТАЦИЈА

Последниот, трет чекор, е подеднакво битен за да ја хидрираме кожата. Производите кои ги користиме за навлажнување на кожата исто така ги одбираме според она што се покажува како најсоодветно за нас, а ова е нашиот избор:

AFRODITA HYDRA PATCH H2O КРЕМА ЗА НОРМАЛНА И МЕШАНА КОЖА

Кремата користи уникатна технологија PatcH2O за да формира молекуларна мрежа – лепенка H2O со висока концентрација на навлажнувачки комплекс. Придонесува за итна и долготрајна хидратација (48 часа). Се бори против негативните ефекти од загадувачите и се бори против знаците на стареење. Ги штити клетките од оштетување и ги одржува здрави, подобрувајќи ја заштитната функција на нашата кожа.
 

КУПИ СЕГА
 
 
AFRODITA WHY MASK МАСКА ЗА ОЧИ

За кожата околу очите да изгледа свежо и одморено. Помага во намалување на темните кругови и ја навлажнува и зацврстува кожата околу очите.
 

КУПИ СЕГА