ЧУДНА ШУМА Дресираните го возвраќаат ударот

Only in Macedonian language.

  • Владимир Петрушевски-Фили – „Дресираните го возвраќаат ударот“
  • Едиција: Родители и деца
  • Број на страници: 84

Книгата е продолжение на „Како ги дресираме мама и тато“, која веднаш по објавувањето доживеа значаен успех и кај критиката и кај читателите. Станува збор за кратки цртички кои се случки или дијалози со седумгодишните ќерки близначки на авторот.

Иако текстот наликува на дневнички записи, со точни датуми кога што се случило, книгата ниту оддалеку не е дневник на таткото, ниту пак лирски излив (кој лесно може да премине во патетика). Напротив. Иако во книгата, од секој збор, јасна е љубовта кон децата, одбирот на темите, стилот на пишувањето, начинот на разговор на родителите со децата, конечно, односот родители-деца, јасно ни покажува дека авторот своите потомци ги смета за еднакви, и, пред сè, интелигентни членови на семејството. Книгава слободно може да се нарече своевиден прирачник, не само за воспитување, туку за градење на цврсти и јаки личности од нашите деца.

420 ден

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.