[Интервју] Александра од mitra.mk

“Преку “Agri E-commerce” заедно работиме на подигнување на свеста за бенефитите од е-трговијата и зголемување на понудата во нашата земја”

МИТРА со големо задоволство подржа дел од производите на локалните агро производители кои сакаат да ги пласираат своите производи надвор од својата локална околина и сакаат да започнат со нивна продажба со помош на е-трговијата преку проектот AGRI ECOMMERCE, кој е управуван од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Во период кога се зголемува побарувачката за природна, локална и органски одгледувана храна, она што навистина ни значи е доколку имаме лесен и брз пристап до неа. Ова беше токму една од целите на иницијативата „Agri E-commerce” која АЕТМ ја реализираше со поддршка на IME – Increasing Market Employability и преку која 13 агро-производители добија шанса да ги пласираат своите производи на дел од најпознатите е-продавници во нашата земја.

Дел од тие е-продавници е и mitra.mk, па токму затоа разговараме со нејзиниот основач Александра која со нас го сподели своето мислење за тоа дали македонските агро-производи се доволно атрактивни за нивната база на купувачи, на кој начин mitra.mk го поддржува домашното производство и што е пресудно за успешно пласирање на домашен агри-производ на една македонска интернет продавница.

Ако сакате да го прочитате целото интервју на Александра од Митра, КЛИКНИ ТУКА