Ивана Тасев го споделува нејзиното искуство со пазарењето онлајн на Митра


Ивана Тасев, новинарка и ПР – човек за односи со јавноста го споделува нејзиното искуство со пазарењето онлајн на Митра:

На прагот сме пред пикот на пандемијата во земјава, кога сите надлежни институции алармираат на социјално дистанцирање и искрено стравувам да влегувам во супермаркетите. Така и ја открив Митра, чиј тим ми ги доставува продуктите кои ќе ги изберам за помалку од 48 часови во мојот дом.

Јас сум поклоник на максимата – Чистота е пола здравје, која ја степенува својата важност, во ова време кога секојдневно на планетарно ниво се апелира „Мијте ги рацете“.

Купувам најчесто средства за чистење и дезинфекција на мојот дом. Предноста на Митра е што има калеидоскопски спектар на производи од различни добавувачи за одржување на хигиената во домот. Досегашните искуства кажуваат дека вирусот може да го донесеме и во нашите домови, преку обувките, пластичните кеси, продуктите, облеката, па дури и во нашата коса. Поради рапидното ширење на вирусот во Шпанија и Италија веќе се апелира дека е неопходна комплетна и темелна дезинфекција на домовите во кои има заболени.

Затоа, најчесто од Митра нарачувам, средства за дезинфекција, особено на подни површини, како што е Дезинталот и универалното средство за чистење и дезинфекција Цепидон део, понатаму антибактериски влажни марамици, па се до органски продукти за чистење и дезинфекција.

За време на пандемијава, имав неколку неуспешни обиди од маркет до маркет за да најдам соодветни средства за дезифенција и честопати рафтовите беа празни.

Откако ја открив Митра повеќе ги немам тие грижи.

Убавината на Митра е што можам да испазарам сѐ што ми е неопходно во престојниов период на многу едноставен и елегантен начин, не доведувајќи се во опасност.

Кај Митра открив цела една лепеза продукти и за исхрана, пијалаци, козметика, до производи за лична хигиена и храна за моето домашно милениче.

Она што ми се допаѓа додека ја разгледувам понудата на Митра е што и децата не се дискриминирани, бидејќи има цела палета на производи од бебешка храна, преку играчки, детска литература, козметика, до училишни прибори.