Продолжуваме понатаму, со поголеми знаења, пасија и континуиран план за усовршување на нашите услуги .
Се трудиме да бидеме поефикасни кон нашето семејство на корисници и неуморно работиме на тоа како да ги задоволиме сите нивни потреби.
Среќни сме, што за само две години постоење, успеавме да ја зголемиме палетата на услуги и производи на преку 350 брендови, со кои гордо услуживме над 3500 нарачки и до овој момент имаме 526 000 корисници на сајтот, од целиот свет!
Затоа Митра, гордо го најавува Митрафест 2, онлајн музички фестивал, како подарок за Вас!
Митра ве кани на несејкодневно патување низ музичките полици на најдобрите македонски артисти од електронската сцена, кои специјално за оваа пригода, снимија роденденски миксови за сите вас кои го славите животот и се разбира, сакате да слушате квалитетна, внимателно одбрана музика.
Додека слушате музика и правите шопинг на Митра не заборавајте да ги проверите сите промоции и попусти , give away кои ги договоривме со нашите партнери и амбасадори.
Пушти микс, уживај во животот и почести се со нешто од Митра!
ВИОЛЕТА КАЧАКОВА
ЗОКИ БЕЈБЕ
МИРКО ПОПОВ
БОЖИДАР ВИДОЕСКИ
ДАРКО ЈОРДАНОВ
ROBOTEK
ЕМИ ЕРМИЛОВА
Dj UX
DJAGI AMOK RADIO
БОЛЕ
ИВАНА ДРАГШИЌ