Митра започнува со работа

Започнува со работа Митра, нова македонска е-продавница фокусирана на квалитетна и широка понуда на производи од различни домашни и светски добавувачи.



Онлајн продавницата, основана од тим на две жени, е резултат на современиот животен стил и потребата за подигање на квалитетот на онлајн купувањето во државата.

Митра е создадена спонтано, но не и случајно. Митра е резултат на нашиот животен стил, базиран на љубов, заедништво, дружење и потреба за комуникација. Животен стил кој прерасна во бизнис, со јасна намера да ја пренесеме нашата страст кон модерното, убавото и корисното“.

Митра има за цел да им го подигне квалитетот на животот и да им заштеди време на македонските потрошувачи нудејќи внимателно избрани производи за домот, козметика, книги и забава, храна за миленици, облека, производи за бебиња, суплементи и друго, кои се лесно и едноставно достапни и кои ќе бидат доставени со експресна достава. Онлајн продавницата е со современ и минималистички дизајн, фокусиран на лесен преглед на производи, како и едноставно и безбедно Интернет пазарење.



 



Интерес побудува и изборот на Митра како име за онлајн продавница. Тимот на Митра објаснува дека името е одбрано поради неговото важно локално и глобално значење.

Следи ја Митра на Facebook и Instagram.