2020 ќе ја паметам по 2 убави нешта!
Првата, незаборавна работа се едни, интимни, „мали вечерни музички сеанси“, кои ме одржаа во живот во период на бескрајни карантински вечери...
Втората е, ПРВИОТ роденден на МИТРА, која ни го олесни животот во услови на целосна затвореност.
Овој микс, снимен за време на една од „нашите“ сеанси, го одбрав, како НАЈИСКРЕН роденденски подарок за МИТРА… едно кратко музичко патување низ убавите мисли и музика… СРЕЌЕН РОДЕНДЕН од Божо!!!
Божидар Видоески