Помина една година откако ја отворивме МИТРА, и тоа не било која, туку најпредизвикувачката за сите нас. Токму поради тоа, имавме уште поголема желба да си го прославиме роденденот заедно со вас, истовремено почитувајќи ја моменталната здравствена ситуација.
Како што ѝ доликува на една онлајн продавница која го обожава интернетот и ужива во добра музика, решивме да направиме виртуелна забава. 🤗
Кога 12 етаблирани македонски диџеи, диџејки и музички ентузијасти со ќеиф ни спремија мноооогу музика, планираната забава стана онлајн музички фестивал. ✨
Забавувајте се со вторите 6 од 12 миксови за 12 месеци МИТРА на МИТРАФЕСТ виртуелниот фестивал!