ТЕМПЛУМ Плати па клати

Честер Браун

Графички роман / стрип

300 страни, тврд повез, црно-бело

750 ден

Опис

„Плати па клати“ е автобиографски стрип во кој Браун мошне емпатично и внимателно ги пренесува своите искуства во светот на проституцијата.  Се работи за најдискутираниот и доста контроверзен графички роман во 2011 во Канада. По издавањето книгата постигна одличен критички и читателски успех. Браун ги документира своите средби со триесетина проститутки, започнува од своите плашливи и несигурни почетоци, кога влегува без речиси никакви сознанија во тој свет,  до фазите кога некои од неговите средби со сексуални работнички му стануваат многу важни долгорочни емотивни релации. Ненаметливиот хумор, најчесто на сопствена сметка, со кој е проткаен стрипот, го прави главниот протагонист трогателно допадлив. На крајот од книгата се поместени педесетина страници забелешки во кои авторот ги изложува своите аргументи за декриминализација и дестигматизација на сексуалната работа. Тоа го прави добро поткован со цитати од теорија и истражувања, но неговиот говор не е академски сувопарен, туку прегледен и приемчив и се чита во еден здив, дополнително потенцирајќи ја динамичноста на темата.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.