ABC Design 3TEC Limited Edition Количка за бебе

ABC Design количката 3TEC Limited Edition е резултат на иновативен дизајнерски тим од Германија, и е наменета за деца од раѓање до 15кг.

Модерна, спортска и функционална количка која ќе ги воодушеви младите, урбани родители и ќе одговори на сите потреби на модерниот и динамичен живот.

Централното место кај оваа количка му припаѓа на системот за активна амортизација т.е. амортизерот поставен центарлно под спортското седиште, кој гарантира апсолутна удобност при возењето, како за детето така и за мајката. Ваквиот систем на амортизација овозможува лесно и безбедно возење и на неравни терени надвор од градот и урбаните средини.

Сигурносните ремени за детето се подесиви во 5 точки зависно од просторните потреби согласно карактеристиките на детето и истите се меко поставени.

Големата шопинг торба за ствари е нешто што секако ќе ги воодушеви мајките кои секогаш имаат потреба од повеќе простор за ствари. Материјалот со кој е обложена количката е од највисок квалитет и истиот може да се вади и да се пере.

Тркалата со пренос на лагери за мазно возење може лесно, само со 1 притисок на копче да се извадат.

16,900 ден

Опис

Лесната алуминиумска конструкција заедно со со предното ротирачко тркало ја прават оваа количка лесна за маневрирање во тесни простори како што се супермаркетите. Само со едно движење на ногата се активира кочница која ги блокира двете задни тркала што е особено значајно на косини.

Спортското седиште и корпата за бебе лесно се изменуваат и поставуваат врз конструкцијата со само еден клик, без користење на дополнителни адаптери.

Покривот на количката, но и на корпата за беби имаат прозорче кое овозможува набљудување на детето. Рачките на количката се обложени со пријатен материјал и се подесиви по висина.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.