ABC Design Baby MAMBA 2in1 Количка со Корпа

ABC Design количката MAMBA е резултат на иновативен дизајнерски тим од Германија, и е наменета за деца од раѓање до 15кг. Модерна, спортска и функционална количка која ќе ги воодушеви младите, урбани родители и ќе одговори на сите потреби на модерниот и динамичен живот.

Активната амортизација заедно со лесната алуминиумска конструкција ќе овозможат лесно возење и управување на сите видови на терени.

Големите задни тркала во комбинација со ротирачките предни тркала овозможуваат лесно маневрирање за време на возењето. Издигнатата задна осовина отвора повеќе простор за нозете за време на буткањето на количката.

Кровот е импрегниран, изработен од водо-отпорен материјал и поседува прозорче кое му овозможува на детето да ја набљудува околината. Во пакетот добивате алуминиуска конструкција, корпа за бебе и спортско седиште со променлив правец на поставување т.е. може да се постави во правец на возењето или спротивно.

19,900 ден

Исчисти

Опис

Количката поседува и потпирач за нозе кој е подесив по висина и бампер или заштитна преграда за детето која може да се вади. Рачката на количката е подесива по висина и родителот може да ја прилагоди на сопствените потреби. Сигурносните ремени за детето се подесиви во 5 точки зависно од просторните потреби согласно карактеристиките на детето и истите се меко поставени. Големата шопинг торба за ствари е нешто што секако ќе ги воодушеви мајките кои секогаш имаат потреба за повеќе простор за ствари. Материјалот со кој е обложена количката е од највисок квалитет и истиот може да се вади и да се пере. Тркалата со пренос на лагери за мазно возење може лесно, само со 1 притисок на копче да се извадат.

Дополнителни информации

Боја

,

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.