АРОУСМИТ

Автор: Синклер Луис
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Белетристика , роман
Број на страници: 634
Година на издание: 2016

400 ден

На залиха

Опис

Ароусмит е приказна за исклучителниот научен ум д-р Мартин Ароусмит и неговиот пат од едно мало гратче на средниот запад до горните ешалони на научната заедница. Елк Милс, Винемак, од каде што потекнува д-р Мартин Ароусмит е фиктивно место, но Синклер Луис тука го сместува дејствието на неколку свои романи. Д-р Мартин работи како единствен лекар во малечката Вестилванија, Северна Дакота и таму се бори со разни проблеми и недостатоци, но животот му продолжува и тој напредува во својата кариера. Конечно д-р Мартин е препознаен од неговиот ментор Макс Готлиб преку својот научен труд и му е понудено да биде дел од тимот на престижниот научен институт во Њујорк. Романот кулминира со откритието на д-р Ароусмит на фагот што ја уништува бактеријата на бубонската чума. Првата сопруга на Мартин, која многу ја љуби и е негова поткрепа, умира од бубонската чума. Тој потоа заминува на еден карипски остров, за да ја истражува чумата. Романот се заокружува со одлуката на д-р Мартин да ја напушти својата втора богата сопруга, како и престижната работна позиција и да замине независно и намира да истражува во провинцијата на Вермонт.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.