BECUTAN Масло со лаванда

Следејќи го трендот на примена на состојки чие потекло е од природата, во комбинација со традицијата базирана врз фармацевтското знаење и искуство, во портфолиото на Becutan е развиена нова формулација – Becutan масло со лаванда – наменето за нега и за заштита на бебешката и детска кожа.

Збогатено со природно масло од лаванда по потекло од хрватскиот остров Хвар – традиционално познат како извор на едно од најквалитетните масла од лаванда – новото масло Becutan не содржи парфеми, а неговиот благопријатен смирувачки мирис е резултат единствено на внимателно одбраната комбинација од ароматични компоненти.

182 ден

Опис

 

Употребата на маслото Becutan со лаванда при блага масажа по вечерното капење ќе придонесе за уште помирен сон на најмалите, чија кожа ќе ги задржи мекоста и нежниот мирис со смирувачко дејство и во текот на спиењето.

Новото масло Becutan е одличен избор и при масажи за опуштање кај возрасните, како еден од сè попопуларните начини за ослободување од секојдневниот замор и стрес.

Не содржи парабени, алкохол, бои и мириси.

Дополнителни информации

Пакување (ml, l)

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.