BECUTAN Маст со рибино масло

Иако кожата на вашето бебе наликува на вашата, функционално е незрела. Таа е потенка и особено чувствителна на влијанијата од околината, олеснето е губењето на вода, а сето тоа придонесува за полесно навлегување на разни штетни материи и за развој на инфекции. Негата на бебешката кожа започнува од првиот ден по раѓањето, a маста Becutan со рибино масло е производ создаден токму за ваквите почетоци во светот на негата.

Зошто?

Маста Becutan содржи рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и за одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчињата. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа, како и на кожата оштетена од топлински или од хемиски агенси. Ја храни сувата кожа, па така таа станува мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо триење 2-4 пати на ден.

Маста Becutan со рибино масло првенствено е наменета за нега и за заштита на бебешката кожа, но, исто така, се препорачува за:

  • изгореници;
  • нега на сува, испукана и груба кожа, склона кон лупење;
  • третирање на пеленски дерматитис;
  • црвенило по кожата, предизвикано од триење и потење;
  • нега на кожата по сончање

119 ден

Дополнителни информации

Пакување (ml, l)

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.