BECUTAN Пена за миење на рачиња и лице

Пената за миење рачиња и лице Becutan е исклучително блага формулација на течен сапун, спакуван во посебен тип амбалажа, кој овозможува создавање креместа пена при секое истиснување на содржината. На овој начин секојдневната рутина на миење раце и лице ќе стане забавна навика за дечињата и сето тоа придружено од препознатливиот мирис на Becutan.

Пената нежно ги отстранува нечистотиите од рацете и од лицето, а активните компоненти дополнително ја штитат и ја негуваат чувствителната детска кожа. Формулацијата не ги надразнува очите, а благите состојки ја заштитуваат кожата од сушење.

  • Не содржи алкохол.
  • Не содржи бои.
  • Не содржи парабени.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Кремот е pH-неутрален за детската кожа.

250 мл

165 ден

Опис

Поефикасна при отстранувањето на нечистотиите

Она што најдобро ги отстранува нечистотиите од кожата е, всушност, пената, а децата честопати знаат да бидат нетрпеливи и да се измијат пред таа да биде создадена. Посебниот механизам на пумпичката кај течниот сапун Becutan ја создава пената уште со самото истиснување од шишенцето и на тој начин обезбедува поголем ефект при отстранувањето на нечистотиите од детската кожа.

Производот е достапен во редовно пакување од 250 ml со пумпичка и во пакување за повторно полнење соодветно за истата пумпичка

Дополнителни информации

Пакување (ml, l)

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.