BECUTAN Подлоги за повивање

Подлогите за повивање Becutan имаат едноставна и практична примена, која овозможува промената на пелените да се одвива во хигиенски услови. Истовремено ги заштитуваат површините на кои се повива бебето или, пак, на кои престојува подолго време, заради поудобна игра на подот, заради заштита на детското седиште во автомобилот, како и заради заштита на бебешката количка. Подлогите се состојат од надворешна непропустлива заштитна обвивка и од извонредно мек површински слој на кој се поставува бебето. Димензиите на подлогите за повивање Becutan (60 x 90 cm) овозможуваат и нивна ефикасна примена при заштита на душекот на детското креветче. За таа цел, подлогата треба да се постави директно над душекот, под постелнината.

7 парчиња

163 ден

Опис

 

Подлогите за повивање, секако, наоѓаат практична примена во повеќе ситуации од секојдневието:

  • при секое повивање првенствено заради обезбедување похигиенски услови во кои се одвива повивањето (особено надвор од дома), заради поголема удобност за детенцето, но и заради заштита на површините на кои се одвива повивањето;
  • заради поудобна игра на подот, но истовремено и заради заштита на површините на кои си игра детенцето;
  • во автомобилот, заради заштита на детското седиште од несакано валкање
  • при прошетка, заради заштита на бебешката количката, и во услови кога детенцето треба да се положи на некоја површина во надворешна средина.

Дополнителни информации

Парчиња

7

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.