БЕГЕМОТ Астални проекции

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2018
Оригинален наслов: Астални проекции | Бр. на страни: 200 | Димензии: / | Корица: мека

400 ден

Опис

„Астални Проекции“ – поетскиот маратон кој четириесет месеци им даваше посебен „шмек“ на скопските вечери и ноќи – на астал.

Скопскиот „пијан брод“ што го кормилареа Ана Голејшка и Ѓоко Здравески секој прв вторник во месецот се прибираше во својот пристан, чаршиската „Менада“, за да прими нови патници, а оттаму пловеше без котва и сѐ уште се снове по нашите мисли и животи. На неговата палуба запознавме стотици поети и поетеси од нашето маало и од светот. Екипажот ни го пренесува во книгава курсот на патешествието, за да го фатат и оние што задоцниле, а на другите да не им избега од вид. Втората, исклучително драга книга во монографската едиција „Плочка“ го документира – со стихови и слики – едно од нашите најубави градски искуства. „Кај и да е, кај и да е…“

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.