БЕГЕМОТ Audiobook Уште еден ден живот

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2018
Оригинален наслов: Jeszcze dzień życia | Бр. на страни: 0 | Димензии: 140×125 |

300 ден

Опис

Каков живот, при крајот на XX в., треба да го сметаме за „обичен“? Што е „нормално“ во нашата ненормална епоха? За многумина од нас дефиницијата на обичност сѐ уште се врзува со поими како што се мир и стабилност. Во продолжение би сакале, можеби, да си го замислуваме секојдневниот живот како подложен на постојан ритам, потпрен на востановени, повторливи општествени шаблони. Творештвото на Ришард Капушќињски произлегува од свеста дека таквите конвенционални описи на реалноста денес имаат толку ограничена примена, што во извесна смисла станале фикција. Уште еден ден живот е книга за бурното раѓање на независната Ангола. Тоа е и фантастична демонстрација на уметноста на пишувањето, полна со трогателни, надреалистични слики, кои веќе станаа препознатлив знак за Капушќињски. Од поговорот Известување од кошмарот, Салман Ружди

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.