БЕГЕМОТ(Бес)конечни модели на расказот

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 136 | Димензии: 185×120 | Корица: мека

250 ден

Опис

„(…) (Бес)конечни модели на расказот содржи 80-ина куси раскази поделени во неколку циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, функционални, опасни, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај и минијатурни раскази за пополнување страници. Веќе самите наслови укажуваат на креативноста и инвентивноста, оригиналноста и игривоста на нивната авторка. Имено, во средиштето на оваа книга се тринаесетина (според бројот на циклуси) модели на раскази, варијанти на пишување куси куси раскази; тоа се раскази за расказот, еден вид луцидни упатства и сугестии за тоа како се пишуваат раскази и какви сѐ облици и модели на краток расказ можат да постојат, како и кои се нивните парадигматични обележја. Фасцинира, притоа, богатството на аналогии и асоцијации на творечкиот чин со најобични, дури и банални ситуации и објективни предмети од непосредната реалност.“

„(…) Ефектни, енергични и динамични, минијатурите на Михајловиќ-Костадиновска се одликуваат со една згусната форма, нагласена сликовитост и висок степен на култура на изразот. Истите нудат мошне впечатливи, интересни и возбудливи коментари за видовите нарација кои, несомнено, ќе ја разиграат читателската фантазија и ќе понудат неповторливо читателско искуство. Авторката вешто си поигрува со поривот за раскажување/нарација на еден мошне инвентивен и оригинален начин.“

Лидија Капушевска-Дракулевска

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.