БЕГЕМОТ Доживувањата на еден мртовец

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 272 | Димензии: 180×110 | Корица: /

300 ден

Опис

Кратката проза на Михаил Булгаков по својот книжевен дострел стои рамо до рамо со неговите романи и драмски текстови. Пишувани во 1920-ите години и претежно објавувани во тогашните весници и списанија, овие раскази се полигонот во кој се развива писателскиот гениј на Булгаков. Тие неретко наликуваат на стилски етиди и тематски скици за идните долги прозни дела на овој книжевен еретик. Елементите на мрачност, гротескност и сатиричност – карактеристични за општата поетика на Булгаков – се подлога на стилот и тематските преокупации и на неговата кратка проза. Расказот, впрочем, и во неговиот случај се јавува како антиципација и сублимација на богатството на авторската фантазија.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.