БЕГЕМОТ Фантастични раскази

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 197 | Димензии: 110 x 180 | Корица: мека

250 ден

Опис

Фантастични раскази е едно од првите португалски книжевни дела што ја следи фантастично-готската литература. Расказите, инаку првично објавени во Бразил, интертекстуално се инспирирани од поетиката на Едгард Алан По и од езотеричната филозофија на Сведенборг. Освен тоа, ова дело се вбројува во книжевниот стил и движење што се јавуваат во европската книжевност и како книжевна матрица ги имаат расказите на Хофман. Расказите на Брага ги прикажуваат психолошките колебања, осцилирања и распаќа на личноста, но, исто така, навлегуваат во посложените толкувања на чувствата, дури и на некои состојби на ментална деменција и опсесивни состојби на умот. Збирката раскази навлегува во френетични и екстремни страсти: самоубиства, умирања, предавства, убиства од патолошки љубомори, опсесии, средновековни мистерии, мрак, тмурни, хтонски сцени, бури и внатрешни превирања се само неколку од загадочните теми со кои се занимава овој автор. Полни со ерудитни и поетски референции, често лирични, со раскошен и симболичен поетско-прозен јазик, овие раскази се изблик на филозофските размисли на овој многустран португалски автор и најавуваат особено иновативни аспекти со воведувањето на чудното, мистериозното, мрачното, морбидното.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.