БЕГЕМОТ од пеколот

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 80 | Димензии: 185×120 | Корица: мека

150 ден

Опис

„Прозниот ракопис Фотографии од пеколот на Милко Бојковски покажува одредена авторска зрелост и виртуозност на редок талент. Неговата виртуозност се однесува токму на проблемите на младиот човек. Односот со светот, микрокосмосот, слоевитоста на расказите вклучува во себе живот во кој владеат сексот, дрогата, насилството… и од оваа перпектива, прозата на младиот Бојковски е одговор на тој и таквиот свет – а како да се одговори поинаку ако не на ист начин: со соголување на сите пороци, со демаскирање на илузиите, со храбро и отворено соочување со – предизвиците на секојдневието кои го демнат младиот човек. Но, во оваа проза нема очај напротив! Лирскиот субјект е во позиција на сведок на случувањата во и околу него, а на мигови води дијалог, разговор со некој соговорник (саканата, читателот и сл.), како да сака да преиспита некој од презентираните ставови. Особено впечатливи се редовите во кои се опишува внатрешната драма на лирскиот субјект која авторот ја доведува во паралела со суптилноста на блузот. Ретките музички акорди даваат посебен белег на оваа проза. Структурата на расказите е невоедначена, во неа се судираат масовноста со минимализмот. Бојковски негува синкретичен јазик, користи урбана лексика и младешки жаргон. Линиите на писмото се врежани во реалноста и против реалноста. Насловот сам по себе е пресек во времето и се однесува на секојдневието кое го живееме и чувствуваме на своја кожа. Веќе со своето прво писателско остварување, Милко Бојковски ветува дека се работи за млад и надежен писател кој во иднина ќе го развива и уште повеќе ќе го стилизира своето писмо.“

Лидија Капушевска-Дракулевска

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.