БЕГЕМОТ Во опасност од морето

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 147 | Димензии: 195×125 | Корица: мека

250 ден

Опис

Во 2016 година, делото „Во Опасност од Морето“ е добитник на наградата Governor General’s Award за францускојазична фикција.

Истовремено роман и лична исповед, „Во Опасност од морето“ е дело кое преку суптилна игра со фокализацијата, нежно испреплетува две приказни, измешани како испишани страници, ненадејно натопени со капки дожд.

Едната раскажува за самата писателка, растргната помеѓу страста кон пишувањето и мајчинството, на кое е целосно посветена. Интимни размисли за судирот помеѓу љубовта кон јазикот и љубовта кон својата ќерка.

Другата раскажува за сликарот на портрети од петнаесеттиот век, кој по смртта на неговата љубена, во потрага по сопствената верба и потреба за сликање, прибежиште наоѓа во манастир на остров во Франција.

И двете приказни, напишани со извонредно богата лексика и поетски јазик, и покрај временската оддалеченост од пет века, ги поврзува магијата на манастирот Мон Сен Мишел и страста кон книгите.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.