БЕГЕМОТ Времето secondhand

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2016
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 475 | Димензии: 200×130 | Корица: /

500 ден

Опис

Времето secondhand“ е последната книга од петтомната епопеја „Гласови на утопијата“, во која авторката Светлана Алексиевич ги документира искуствата на стотици луѓе со различен статус и опит во советскиот и постсоветскиот свет, во вид на орална историја. Во бурната транзиција од комунистичкиот Советски сојуз и Горбачовската „перестројка“ кон Елциновата и Путиновата Русија, многу луѓе го губат својот интимен компас и се чувствуваат обездушени; многу други, пак, се исполнети со ентузијазам за новото време што надоаѓа. Она што ги обединува се спомените за едно одминато време, кон со кое сите имаат личен опит, за кое сите раскажуваат различно, кон кое и во своите души имаат непомирени чувства. Всушност, ваквиот начин на пренесување на историјата на едно време се чини безмерно поверодостоен од која било историја спокојно напишана во некоја канцеларија, архивирана во стерилните фиоки на официјалната историја.

 „Советската цивилизација… Брзам да ги прикажам нејзините траги. Познати лица. Не ги распрашувам за социјализмот, туку за љубовта, љубомората, детството, староста. За музиката, танците, фризурите. За илјадници детали на исчезнатиот живот. Тоа е единствен начин да се натера катастрофата во рамките на вообичаеното и да се направи обид да се раскаже нешто. За нешто да се сетиме. Не се изморувам од чудење колку е интересен обичниот човечки живот. Бескрајно количество од човечки вистини… Историјата ја интересираат само фактите, а емоциите остануваат надвор. Не е вообичаено тие да се пуштаат во историјата. Јас го гледам светот со хуманистички очи, а не со очите на историчар. Изненадена сум од човекот…“

 од „Времето secondhand“

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.