БЕГЕМОТ Заробениот ум

Издавач: Бегемот Јазик: Македонски Година: 2019
Оригинален наслов: Zniewolony umysł | Бр. на страни: 348 | Димензии: 190×120

600 ден

Опис

„Заробениот ум“ е збирка од девет есеи пишувани во 1951 г., а објавени во 1953 г. од Литературниот институт во Париз. Првото издание во Полска било објавено во 1978 г., во тајност од цензурата, а официјалното – дури во 1989 г. Делото, во кафкијанско-орвеловски стил, преку параболи и алегории, го анализира процесот на развивањето интелектуална зависност кај источноевропската интелигенција во однос на политичките и економските принципи на сталинистичката доктрина. Карл Јасперс го опишал „Заробениот ум“ како фантастична студија за „разбивањето на човекот на две личности“ под влијание на огромниот идеолошки притисок. „Мојата книга, во одредена смисла, беше обид за борба против својот сопствен фатализам и песимизам.“ – Чеслав Милош

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.