Бел

Видов како момчето сонува и оди насон. Видов како Месечината блесна кога го виде момчето и тргна по него. Гледав како Месечината преоѓа во денот и како чека тој да се разбуди. Видов кога станаа најдобри пријатели, видов како тој ја изгуби и како светот остана без Месечина. Бев до него кога ја најде таму кај што најмалку очекуваше.

Автори: Ника Гавровска (приказна и текст), Ристо Аврамовски (илустрации)

 

600 ден

Опис

 

Една зимска ноќ, кога случајно ќе забележи едно необично бело дете, долу на улиците под неа, љубопитната Месечина ќе тргне по него и ќе заталка во денот. Не само што Месечината ќе го следи
таа вечер, туку ќе остане негова пријателка сè до денот кога тој ќе ја продаде и ноќите во градот ќе станат сосема темни.

Бел е современа илустрирана бајка за чудесното пријателство помеѓу малиот Бел и Месечината. Бел е приказна за осаменоста на небото полно со ѕвезди онаа вистинската осаменост на оние
кои им недостига љубов. Ова е приказна за неизмерната љубов, каква што е мајчинската.

Ника Гавровска (1987) е уредник на издавачката куќа Гаврош и автор на приказната за Бел.
Ристо Аврамовски (1980) е архитект кој живее и работи во Берлин. Работи и како илустратор за списанието Форбс. Бел е неговото прво илустрирано авторско дело.

 

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.