Bella Ирис Кристал Блуза

100% Полиестер

1,490 ден

Исчисти

Опис

Елегантна блуза од сјаен металик-сребрен сатен. Моделот е со краток спуштен ракав со широк отвор кој ги покрива смао ремењата. Кројот е без крагња, со благо издолжување кон ролка, односно со падната преднца во пределот на вратот, која формира блага драперија. Моделот не е срукиран и има блага ѕвончеста линија надолжно, со што се создава фина комоција.
Блуза за посвечени пригоди која добива совршена комбинација со сукња Ирис кристал и изглед на фустан. Екстравагантен и уникатен изглед с епостигнува со палто Ирис лур и панталони Ирис лур.
Особено да се внимава при секое пробување, материјалот е преосетлив и на допир со рака, а секако и на остри предмети и аксесоари. Да се чува под фолија.
Состав: 100% Полиестер. Иако материјалот е од синтетички влакна сепак е со фина изработка и пријатен е за носење. Полиестерот има многу слаба апсорпција на влага и не и дозволува на кожата да дише, но од друга страна пак предност му е тоа што е мек и пријатен на допир. Синтетичките влакна не дозволуваат материјалот да се истегнува, а со тоа го прават поиздржлив и поотпорен на оштетување, не се гужваат и брзо се сушат, генерално се лесни за одржување и за третирање.
Одржување: Може да се пере во машина на температура до 30’C и на блага центрифуга или на професионално хемиско чистење. Да се пегла влажна, на ниска температура до 100’C. Да не се пере со светли бои. Да не се суши машински. Се препорачува перење во вреќичка.

Дополнителни информации

Величина

36, 38, 40, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.