Bella Ирис Лур Блуза

Преден дел: 100% Полиестер
Заден дел: 95% Вискоза 5% Еластан

1,790 ден

Исчисти

Опис

Елегантна блуза која поради темната плава боја и сатенот е совршен избор за свечени пригоди или пак за елегантен деловен изглед. Моделот е без ракав, изработен од два материјали, од кои предницата е  тегет сатен, додека задницата тегет вискозно трико. Кројот е со длабок В израз. Оваа блуза ја прават посебна наборите кои се создаваат долж средишниот дел на предницата со помош на врвца преку која се подесува изгледот на самите набори.
Совршена комбинација се постигнува со палто и панталони Ирис лур. Поради сатенската редница, блузата е одлично парче и за некоја посвечена пригода или вечерно излегување.
Состав преден дел: 100% Полиестер. Иако материјалот е од синтетички влакна сепак е со фина изработка и пријатен е за носење. Полиестерот има многу слаба апсорпција на влага и не и дозволува на кожата да дише, но од друга страна пак предност му е тоа што е мек и пријатен на допир. Синтетичките влакна не дозволуваат материјалот да се истегнува, а со тоа го прават поиздржлив и поотпорен на оштетување, не се гужваат и брзо се сушат, генерално се лесни за одржување и за третирање.
Состав заден дел: 95% Вискоза, 5% Еластан. Вискозата е полуприроден материјал и спаѓа во категоријата регенерирани влакна со потекло од растителна основа. Вискозата има карактеристики на свила и со тоа му дава софистициран изглед на материјалот. Како и сите природни материјали и вискозата има својство на абсорбција на влага и природна респирација. Пријатна е за носење, дава чувство на мекост при допир со кожата. Самиот материјал содржи и еластан кој дава дополнителна еластичност, што придонесува за поголем комфор и удобност.
Одржување: Може да се пере во машина на температура до 30’C и на блага центрифуга или на професионално хемиско чистење. Да се пегла влажна, на ниска температура до 100’C. Да не се пере со светли бои. Да не се суши машински. Се препорачува перење во вреќичка за да не дојде до оштетување на сатенот.

Дополнителни информации

Величина

36, 38, 40, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.