Bella Кристал Фустан

100%Полиестер

5,891 ден

Исчисти

Опис

Елегантен долг фустан за свечени пригоди од тегет сатен. Моделот е со стандарден околувратник и се до струкот стои тесно, но не претесно и ја следи линијата на телото. Во предлеот на вратот имма набори кои му даваат дополнителен раскош. Ракавот е долг и тесен, потенциран во вамењата со мали потпунки и со мали набори. Сукњата е составена од неколку парчиња со што самиот фустан, кој има должина до глужд, добива волумен и ширина.
Елегантен свечен фустан, кој поради својата должина, сјајноста на материјалот и самиот модел изгледа префинето и луксузно.
Особено да се внимава при секое пробување, материјалот е преосетлив и на допир со рака, а секако и на остри предмети и аксесоари. Да се чува под фолија.
Состав: 100% Полиестер. Иако материјалот е од синтетички влакна сепак е со фина изработка и пријатен е за носење. Полиестерот има многу слаба апсорпција на влага и не и дозволува на кожата да дише, но од друга страна пак предност му е тоа што е мек и пријатен на допир. Синтетичките влакна не дозволуваат материјалот да се истегнува, а со тоа го прават поиздржлив и поотпорен на оштетување, не се гужваат и брзо се сушат, генерално се лесни за одржување и за третирање.
Одржување: Може да се пере во машина на температура до 30’C и на блага центрифуга или на професионално хемиско чистење. Да се пегла влажна, на ниска температура до 100’C. Да не се пере со светли бои. Да не се суши машински. Се препорачува перење во вреќичка.

Дополнителни информации

Величина

36, 38, 40, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.