Bella Прима Твид Капут

80% Волна 15% Полиакрил 5% Полиестер
Постава: 50% Полиестер 50% Ацетат

6,190 ден

Исчисти

Опис

Сив ктаток волнен капут од природен материјал. Доста специфичен модел кој се истакнува поради неколку елемнети. Кројот е на преклоп со должина под задникот. Капутот има заоблен околувратник од каде во неправилна закосена линија, се до струкот, продолжува преклопот, а потоа оди надолу во права линија. Ракавот е спуштен и поширок, а капутот се струкира со помош на ремен кој се протнува под едната предница и излегува на другата страна каде се врзува со другиот крај на ременот. Ременот од едната страна е изработен од црна еко-кожа. Капутот има и два странични џебови. Закопчувањето е со скриени сусти.
Идеално парче за зимските денови, кое ќе држи топлина, а сепак ќе му овозможува на телото да дише.
Доста впечатлив капут, кој не само поради моделот, туку поради и самиот прскан сив твид ќе ви ја дада потребната доза на уникатност.
Состав: 80% Волна, 15% Полиакрил, 5% Полиестер. Волната е најстарото природно влакно од животинско потекло. Таа е природен материјал кој не поти, овозможува природна респирација на телото и поради добрите термоизолациони својства ја задржува топлината и до најниските температури. Се карактеризира со префинета изработка и природна мекост. Волната има природна тежина која дава совршен пад на материјалот. Волната има средна тенденција на брчкање, што значи не се гужва лесно и има природна еластичност на влакното. Споро се суши и може да се собере при перење. Полиестерот, полиамидот и полиакрилот се синтетички влакна кои се изградени од синтетички полимери. Полиестерските влакна се многу издржливи, односно имаат голема јачина на кинење, не се гужваат, брзо се сушат и се отпорни на бактерии. Акрилот се карактеризира со мекост и како и другите синтетички влакна има слаба апсорпција.
Состав кожа: 50%Вискоза, 50% ПУ Полиуретан. Полиуратанот е еден вид на вештачка кожа која е направена од висококвалитетни вештачки влакна. Има изглед многу сличен на вистинската кожа, но полесно се одржува за разлика од неа. Вискозата е полуприроден материјал и спаѓа во категоријата регенерирани влакна со потекло од растителна основа. Вискозата има карактеристики на свила и со тоа му дава софистициран изглед на материјалот. Како и сите природни материјали и вискозата има својство на абсорбција на влага и природна респирација. Пријатна е за носење, дава чувство на мекост при допир со кожата. Полиуретанските влакна се многу издржливи, односно имаат голема јачина на кинење, не се гужваат, брзо се сушат и се отпорни на бактерии.
Постава 100% Вискоза.
Одржување: Се препорачува одржување на професионално хемиско чистење. Да не се суши машински. Да се суши на закачалк

Дополнителни информации

Величина

38, 40, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.