Bella Скарлет Блуза

Преден дел: 95% Полиестер 5% Еластан
Заден дел: 95% Вискоза 5% Еластан

1,790 ден

Исчисти

Опис

Деловна црна блуза изработена во комбинација на вискозно црно трико и црн жоржет. Моделот е со широка крагња, која се протега околувратот и оди во предницата во преклоп, создавајќи В израз и изглед на марама. Останатиот дел на предницата од струкот надолу, како и ракавите, се изработени од црно трико, кое придонесува за поголем комфор и пријатно чуство при носење на блузата, додека задницата е изработена од транспарентен жоржет. Блузата е со долги ракави кои завршувааат со манжтна изработена од црниот жоржет и две украсни копчиња.
Совршена деловна комбинација се постигнува со палто и панталони Скарлет, но поради црнтата боја може да секомбинира буквално со се. Блузата кога не с еноси под палто е идеален избор за вечено излегување или посвечена пригода.
Состав: 37% Вискоза, 60% Полиестер, 3% Еластан. Вискозата е полуприроден материјал и спаѓа во категоријата регенерирани влакна со потекло од растителна основа. Вискозата има карактеристики на свила и со тоа му дава софистициран изглед на материјалот. Како и сите природни материјали и вискозата има својство на абсорбција на влага и природна респирација. Пријатна е за носење, дава чувство на мекост при допир со кожата. Полиестерот има многу слаба апсорпција на влага и не и дозволува на кожата да дише, но од друга страна пак предност му е тоа што е мек и пријатен на допир. Синтетичките влакна не дозволуваат материјалот да се истегнува, а со тоа го прават поиздржлив и поотпорен на оштетување, не се гужваат и брзо се сушат, генерално се лесни за одржување и за третирање. Самиот материјал содржи и еластан кој дава дополнителна еластичност, што придонесува за поголем комфор и удобност
Одржување: Може да се пере во машина на температура до 30’C или на професионално хемиско чистење.Да не се пере со светли алишта. Да се пегла на температура до 100’C. Да не се суши машински.

Дополнителни информации

Величина

36, 38, 40, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.