Bella Софи Камел Блуза

95% Вискоза 5% Еластан

1,189 ден

Исчисти

Опис

Загасито жолта блуза-ролка од висозно трико. Моделот е тесен, но не стои припиено за телото, има доста еластан и дава чувство на комоција. Кројот е со ролка, но не во класичен стил, ролката е со набори, пресечена напред и оди во мал преклоп.
Состав: 95% Вискоза, 5% Еластан Вискозата е полуприроден материјал и спаѓа во категоријата регенерирани влакна со потекло од растителна основа. Вискозата има карактеристики на свила и со тоа му дава софистициран изглед на материјалот. Како и сите природни материјали и вискозата има својство на абсорбција на влага и природна респирација. Пријатна е за носење, дава чувство на мекост при допир со кожата, а во комбинација со еластанот е уште попријатна з аносење.
Одржување: Може да се пере во машина на температура до 30’C и на блага центрифуга или на професионално хемиско чистење. Да се пегла влажна, на ниска температура до 100’C. Да не се пере со светли бои. Да не се суши машински.

Дополнителни информации

Величина

36, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.