Bella Софи Камел Палто

57% Памук 40% Вискоза 3% Еластан
Постава: 50% Полиестер 50% Ацетат

4,490 ден

Исчисти

Опис

Палто од ситен сомот во кафеава-камел есенска нијанса. Моделот е со класичен ревер, струкиран и со закочување со две копчиња. Ракавот е стандарден и завршува со неколку копчња. На предницата палтото има и украсни џебни капаци.
Деловно есенско/зимско палто од природен материјал. Сомотските плата се идеален избор за есенските денови кога можат да се носат и во замена на јакна. Одлично се комбинира со панталони или сукња Софи камел и блуза Софи камел.
Состав: 57% Памук, 40% Вискоза, 3% Еластан. Памукот е 100% природно растително влакно кое се добива од растението памук. Тој е јак апсорбент на влага, ја впива потта, но не ја задржува туку лесно овозможува да испари. Не задржува мириси поради својството со кое СЕ овозможува природна респирација на кожата. Ладен е на допир, лесен и пријатен за носење. Доста е јак и издржлив, но лесно се гужва и е лесно запалив материјал. Вискозата е полуприроден материјал и спаѓа во категоријата регенерирани влакна со потекло од растителна основа. Вискозата има карактеристики на свила и со тоа му дава софистициран изглед на материјалот. Како и сите природни материјали и вискозата има својство на абсорбција на влага и природна респирација. Пријатна е за носење, дава чувство на мекост при допир со кожата. Поради еластанот во составот, материјалот има доз ана растегливост и создава чувство на удобност и комоција.
Одржувањето е исклучиво на професионално хемиско чистење и не се дозволува машинско сушење, се препорачува сушење на закачалка. Може да се пегла само на ниска температура до 100’C.

Дополнителни информации

Величина

38, 40, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.