НА ПОПУСТ 49%

Bella Веган Фустан

62% Полиестер 33% Вискоза 5% Еластан
Постава: 97% Полиестер 3% Еластан

2,690 ден

Исчисти

Опис

Коктел фустан со особено струкирана линија во црна боја. Моделот е со стандарден отвор на околувратникот и со кратко капак ракавче. Посебен детаљ во пределот на ракавот се малите фалтички од предната и задната страна. Исти такви фалти има и на предницата во пределот под градите. Фустанот е пресечен во линијата на струкот, и е струкиран. Надолу фустанот има права линија и должина под колена. Дополнителен детаљ е украсниот висококвалитетен патент на задната страна на фустанот, кој допринесува за неговата атрактивност. Од задната страна фустанот има и мал шлиц. Самиот материјал и поставата која содржи еластан допринесуваат за удобноста на овој фустан.
Црн елегантен коктел фустан кој со својот крој плени на прв поглед. Поради фината линија и должина на фустанот, истиот е соодветно парче и за деловни пригоди.
Состав: 33% Вискоза, 5% Еластан, 62% Полиестер. Одличен состав на материјал кој има висок процент на природни влакна. Покрај вискозата која му дава мекост и сјај, како и еластичност што е карактеристично својство на вискозата, самиот материјал содржи и еластан кој дава дополнителна еластичност, што придонесува за поголем комфор и удобност. Дополнителна комоција на фустанот и дава и поставата која исто така е еластична. Постава: 97% Полиестер; 3% Еластан.
Полиестерските влакна се многу издржливи, односно имаат голема јачина на кинење, не се гужваат, брзо се сушат и се отпорни на бактерии.
Одржување: Може да се пере во машина на температура до 30’C на деликатно перење или на професионално хемиско чистење.Да не се пере со светли алишта. Да се пегла на ниска температура до 100’C. Да не се суши машински.

Дополнителни информации

Величина

, , , ,

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.