BLACK UP Масло за брзо и за интензивно потемнување

150 мл

404 ден

Опис

Добивањето бронзен тен е најпосакуваната работа во летниот период. За таа цел се користат различни методи и препарати. Едноставен начин за да го добиете посакуваниот бронзен тен е употребата на маслото Black up за брзо и за интензивно потемнување .

Овој производ во својот состав содржи масло од орев и ß-каротен, кои овозможуваат кожата да постигне убава бронзена боја. Се препорачува за лица што имаат природно потемен тен.

Витаминот Е дејствува антиоксидативно, па ја заштитува кожата од сушење и од предвремено стареење, а воедно овозможува нејзина подобра хидратација.

Содржи масло од морков, кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.

Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.

Како пигмент ß-каротенот го олеснува добивањето бронзен тен.

Маслото од орев помага за добивање бронзен тен, но, исто така, претставува богат извор на есенцијални масла и на протеини, кои дополнително ја негуваат и ја штитат кожата, правејќи ја нежна, мека и еластична.

Маслото не содржи УВ-филтри и не заштитува од УВА- и од УВБ-зраците!

– Дерматолошки тестиран.
– Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен, чија кожа не е лесно подложна на изгореници.
– Водоотпорен.
Начин на употреба: маслото се нанесува повеќепати во текот на сончањето.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.