Блуза Алекса Сатен

2,190 ден

Исчисти

Опис

363636Сатенска блуза во корално црвена боја. Моделот е без ракав, со пошироки спуштени рамења. Кројот е комотен и не е струкиран, а има два отвори на страните, налик на шлицеви. Специфичниот и допадлив елемент на оваа блуза е шал крагњата која извира од страничен В израз и продолжува во долг шал кој лабаво и натресено се обмотува околу вратот, за на крај да се вметне во создадената алка и слободно да падне надолу.

Елегантна блуза, која во комбинација со палто Алекса и панталони или сукња Алекса добива посвечен изглед. Самиот сјај на сатенот ја прави оваа блуза погодна и за посвечени пригоди.

Состав: 48 % Ацетат, 50% Полиестер, 2% Еластан.

Одржување: Може да се пере во машина на температура до 30’C и на блага центрифуга или на професионално хемиско чистење. Да се пегла на ниска температура до 100’C. Да не се пере со темни бои. Да не се суши машински.

Дополнителни информации

Величина

36, 38, 40, 42, 44

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.