Bruno Banani Daring тоалетна вода за жени

Достапен од септември 2018 година, Daring Woman е нов парфем кој ни доаѓа од брендот Bruno Banani и кој ги повикува жените да бидат “самоуверени, секси, каприциозни и разиграни“, во склад со темата на мирисот. Daring Woman е цветно-овошен мирис со дрвенесто-мошусна основа. Според соопштението од куќата, композицијата содржи „Time Release технологија“, која овозможува мирисот да трае подолго и по некое време “повторно да се реактивира“, благодарение на топлината на телото. Бергамот и праска во горните ноти водат кон букет рози и цвет од портокал во срцевината, а потоа и кон основата која е составена од мошус и сандалово дрво.

1,300 ден

Опис

За брендот:
Овој бренд за долна машка облека го создадоа двајца Германци: Волфганг Јаснер и Клаус Јунгникел во 1993 година. Слоганите на компанијата се “не е за секого” и “суштината не е во цената туку во односот према животот”. Нивното мото е дека за да носиш нешто од Bruno Banani мораш да ја сакаш авангардната мода и да имаш смисла за хумор.
Bruno Banani во своето портфолио има повеќе од петнаесет парфеми. Најстарото издание е од 2000 година, додека најновото од 2015 година. Bruno Banani парфемите се направени во соработка со парфимерите Елена и Тиери Васер.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.