Bruno Banani Made for Mеn тоалетна вода за мажи

Bruno Banani претставува мирис создаден за мажите. Made for Men е опоен и заводлив мирис, направен за да остави лежерен, опуштен и мажествен впечаток. Неговата игра со нотите се темели на напад, освојување и победа.

Високите ноти на мириост флертуваат со бергамот, рузмарин од Тунис и зелена јаболка. Во срцевината се наоѓаат освојувачките ноти на гераниумот, комбинирани со ладни и освежувачки водени ноти. Победата на долните ноти им ја носат балсамично – дименестите ноти на кедар од Вирџинија, тонка, мовот и мошусот дишејќи во вистинските мажествени тактови.

Магепсувачкиот ароматичен Made for Men опива со својот интензитет и сплет од овошно ароматичен врв со водено и ладно срце, истакнувајќи ка атрактивната и возбудлива база која машкоста ја нагласува со акценти на шума и мошус, но исто така укажува и на неформално – повремениот однос на префинетиот заводник. Неодолив за жените кои му се на патот.

Формата на шишенцето е инспирирано од машкото тело и неговите мускули, додека војничко – зелената боја на амбалажата укажува на машкост. Дури и името на мириост е напишано во војнички стил. Сребрената плочка како привезок се наоѓа закачена околу вратот на искривеното шишенце креирано во стилот на Bruno Banani.

1,785 ден

Опис

За брендот:

Овој бренд за долна машка облека го создадоа двајца Германци: Волфганг Јаснер и Клаус Јунгникел во 1993 година. Слоганите на компанијата се “не е за секого” и “суштината не е во цената туку во односот према животот”. Нивното мото е дека за да носиш нешто од Bruno Banani мораш да ја сакаш авангардната мода и да имаш смисла за хумор.
Bruno Banani во своето портфолио има повеќе од петнаесет парфеми. Најстарото издание е од 2000 година, додека најновото од 2015 година. Bruno Banani парфемите се направени во соработка со парфимерите Елена и Тиери Васер.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.