Bruno Banani Pure тоалетна вода за жени

Pure Woman од Bruno Banani е нежно розево шишенце, кое ги повторува женските облини – нежно е и предизвикувачко, исто како и мирисот кој е створен за флерт.
Во високите ноти има нежна фрезија, мирислива и модерна црна рибизла и зелена мандарина. Во срцето процветуваат нежна циклама и раскошен божур во друштво на манго. Основата е од ванила и амбер. Парфемот е направен во 2007 година.

1,130 ден

Опис

За брендот:

Овој бренд за долна машка облека го создадоа двајца Германци: Волфганг Јаснер и Клаус Јунгникел во 1993 година. Слоганите на компанијата се “не е за секого” и “суштината не е во цената туку во односот према животот”. Нивното мото е дека за да носиш нешто од Bruno Banani мораш да ја сакаш авангардната мода и да имаш смисла за хумор.
Bruno Banani во своето портфолио има повеќе од петнаесет парфеми. Најстарото издание е од 2000 година, додека најновото од 2015 година. Bruno Banani парфемите се направени во соработка со парфимерите Елена и Тиери Васер.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.