CANNABO exclusive дневен крем 50 мг CBD 50 мл

ДЕТОКСИЦИРА – ЗАШТИТУВА – ХИДРИРА – РЕГЕНЕРИРА

Природен CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и спречува  предвремено стареење на кожата.  Дополнително има противвоспалително и  смирувачко дејство, со што ги намалува црвенилото, иритациите и оштетувањата на клетките.

24 каратно злато ја подобрува циркулацијата во кожата, ја поттикнува клеточната регенерација и создавањето на колаген и еластин.

Колаген делува против знаците на стареење, ги измазнува брчките, фините линии и ги редефинира контурите на лицето.

Хијалуронска киселина  ја задржува влажноста на кожата, ги пополнува брчките и спречува создавање на нови.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна од штетните влијанија на околината.

Пантенол има навлажнувачки и смирувачки ефект, го намалува црвенилото и иритациите.

816 ден

Опис

ШТО ПРЕТСТАВУВА CANNABO EXCLUSIVE day И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Кожата на лицето е директно изложена на штетното влијание на надворешната средина.
Изложеноста на УВ зраци, загаден воздух и други стресни фактори во текот на денот, доведува до
создавање на слободни радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата и доведуваат
до појава на брчки, намален тонус на кожата и променета текстура.
CANNABO EXCLUSIVE day e иновативна формулација која во совршени пропорции го
комбинира канабидиолот (CBD) со 24-каратно злато, со колаген, хиjaлуронска киселина, витамин
Е и пантенол.
CANNABO EXCLUSIVE day кремот не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи
во количина под 0,2%.
CANNABO EXCLUSIVE day иновативната формулација со својот богат состав на хранливи
материи е наменета за интензивен третман и ефикасна регенерација и подмладување на кожата.
Канабидиолот (CBD) во CANNABO EXCLUSIVE day е природен екстракт добиен со
суперкритична CO2 екстракција од растението коноп (канабис). CBD се врзува за соодветните
рецептори на ендоканабиноидниот систем во површинскиот слој на кожата (епидермис), при што
се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект. CBD има антиоксидативни својства, ги
неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува
губењето на влажноста и предвременото стареење на кожата.
24-каратното злато во состав на иновативната формулација ја подобрува циркулацијата на кожата, го поттикнува клеточниот метаболизам, ја стимулира клеточната регенерација, помага во
создавањето на колаген и еластин, во избелувањето и навлажнувањето на кожата, со што кожата
се ревитализира, хидрира и се стекнува со мазна и сјајна текстура. Покрај тоа, 24-каратното злато
може да има противвоспалително и смирувачко дејство.
Колагенот делува против знаците на стареење со измазнување на брчките и фините линии,
редефинирање на контурите и обезбедување повоедначен тен на кожата. Хиjaлуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината. Пантенолот има навлажнувачки и смирувачки ефект, го намалува црвенилото и делува противвоспалително.
CANNABO EXCLUSIVE day иновативната формулација со антиоксидативното и
противвоспалителното дејство на CBD и 24-каратното злато, ја штити и детоксицира кожата на
лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на
лицето. Дополнително, колагенот, хијалуронската киселина, витаминот Е и пантенолот го
засилуваат ефектот на кремот, со поттикнување на регенерација на епидермисот, интензивно
хидрирање и корекција на недостатоците на кожата во текот на денот, со што се постигнува
младешки изглед.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА
CANNABO EXCLUSIVE day кремот ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските
влијанија, овозможува детоксикација и подобро хидрирање, ја смирува и ја измазнува кожата, ги
намалува брчките и неправилностите, одржувајќи ја влажноста во текот на целиот ден.
Со редовна примена на CANNABO EXCLUSIVE day, кожата станува сјајна и блескава.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.