CHIA SEME Чиа 750 гр

Chia семето претставува супер билка поради исклучително квалитетните хранливи материи кои се среќаваат во неа. Се одгледува во Јужна Америка и тоа илјадници години како основен дел од исхраната на Азтеките и Маите како и во модерното време. Има големи дози на омега 3, влакна и протеини и е полна со долготрајна енергија.

Chia семето има висока концентрација на омега 3 поготово како извор на алфа-липоична-киселина, која е есенцијална масна киселина. Омега 3 масните киселини помагаат во заштита на телото поготово од болести на кардиоваскуларниот систем, срцето и регулирање на холестеролот. Повеќето од нас внесуваме премногу омега 6 масни киселини и премалку омега 3. Нивниот идеален сооднос би бил 1 : 3. Chia како извор на омега 3 не ги содржи штетните состојки кои се наоѓаат во рибата (пр. жива или диоскин) ниту ги содржат и анти нутритивните состојки кои се среќаваат во лененото масло.

 

450 ден

Опис

Chia семе, 750 g

Chia – та е богата и со влакна, антиоксиданси, калциум и протеини. Тоа значи дека чиата содржи повеќе протеини и аминокиселини од останатата зрнеста храна како и голем удел на влкна кои го намалуваат холестеролот, помагаат при дигестија и ве држат сити поголеми временски периоди. Исто така е добар извор и на железо, витамин А, Б3 и магнезиум.

Chia семето се одгледува во Јужна Америка на повеќе од 30 фарми во процес на производство кој е стандардизиран и строго надлгледуван со цел да се обезбеди најдобар квалитет и чистина од 96%. Се сушат на топол воздух, редовно се тестираат и внимателно се следи целиот производен процес вклучувајки ги и потребните обуки за одгледување одбирање на вистинските услови и сл.

Денес Чиа семките се популарни кај спортисти, активни луѓе и луѓе кои внимаваат на своето здравје. Посебно се погодни за спортови на издржливост поради долготрајната енергија која ја обезбедуваат и заштита на мускулатурата која ја нудат благодарение на богатиот аминокиселински профил.

Состав:

Нутритивни вредности                                                              100g
Kcal / kJ379 kcal / 1584 kJ
Протеини23 g
Јаглехидрати40 g
– од кои шеќери0 g
Масти31,9 g
– од кои заситени3,2 g
Влакна20,87 g
Омега 319g
Омега 66,4 mg
Фосфор860 mg

Вредностите знаат да отстапуваат во зависност од суровината

Состојки: Chia семе.

Информации за алергени: Може да содржи траги јаткасти плодови, соја и лушпи.

Пакување:

750 g

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.