ЧУДНА ШУМА Децата и планините

Преку едукативниот пакет „Децата и планините“ (папка, брошура со карта и леток), малите читатели ќе имаат можност да ги научат поголемите планини во Македонија, планинските масиви и планинските венци и каде се наоѓаат тие; највисоките врвови на планините; големите леднички или глацијални езера (кои настанале со топење на мразот за време на ледената доба), водопадите и изворите на големите реки, како и растенијата (флората) и животните (фауната) на тие планини (меѓу кои и повеќе ендемични видови, што живеат само на тоа место на планетата).

Во средината на брошурата, децата ќе најдат и мала планинска карта. Со неа полесно ќе ги пронајдат планините што се споменати во текстот и, веруваме, ќе одлучат и да ги посетат. Со други зборови, целта на овој пакет е не само да учењето на планините туку и нивно запознавање и – се разбира – развивање на љубов кон планините од најмала возраст. Со скенирање на QR кодот на пакетот, децата ќе можат да ја посетат и веб страницата „Децата и планините“ во рамки на бесплатното е-списание „Чудна шума“ и да ги прошират дополнително своите знаења за планините.

150 ден

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.