ЧУДНА ШУМА Пет приказни од целиот свет

Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски е замислена како еден вид „светска антологија“ на исклучителни приказни, кои традиционално настануваат во загадочните механизми на народното творештво. Приказните не само што „доаѓаат“ од различни делови на светот туку се замислени да припаѓаат и на различни временски периоди: првата е македонска легенда од раното средновековие, втората е аргентинска народна приказна, третата е италијанска легенда од доцниот среден век, четвртата е најавена како старо јапонско предание, а петтата – како древна асирска сказна. Приказните се раскажани мошне шармантно и привлечно за најмладата читателска публика, со извонреден стил кој потсетува на усна нарација.

330 ден

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.