НА ПОПУСТ
ЗАШТЕДИ 25%

FEDOR Сапун за бебе FEDOR Baby soap

Рачно направени природни сапуни за нега на кожата од најдобри органски и ладно цедени природни масла. Измешани со мелени цветови од камилица и органско козјо млеко со што добивме преубав сапун за нега на кожата на секое бебе.
Нежен, ја освежува и смирува деликатната кожа на бебето без да ја одземе природната влажност.
100 % без синтетички мириси, бои и презервативи.
Спакувано во уникатно луксузно пакување, затворено со рачно направен восочен жиг. Убав подарок за Вас и Вашите најмили.

95 грама

295 ден

Нема на залиха

Опис

 

Секој сапун за Беби Едицијата е направен од:
– Органско козјо млеко,
– Органско и ладно цедено маслиново масло,
– Органско кокосово масло,
– Органски ши путер,
– Ладно цедено масло од рицинус,
– Органско и ладно цедено масло од авокадо,
– Органско и ладно цедено масло од јојоба,
– Цветови од камилица

Сметаме дека овој квалитет на сапуни треба да остане во својата природна форма за секој корисник да добие чист 100% природен продукт со висока концетрација на здрави и природни состојки. Сите сапуни се сушат природно неколку недели на свеж воздух пред да бидат внимателно селектирани и пакувани.

Нашето хоби со традиционален стар фамилијарен рецепт, надграден во делот на додадени ладно цедени и органски масла, прерасна во производство на продукти за нега на кожата за задоволни корисници кои ја чувствуваат свежината на нивната кожа по употреба на ФЕДОР продуктите.
Здрави особености на билките и маслата кои ги користиме за изработка на сите наши сапуни.

ВНИМАНИЕ: Никогаш не ја аплицирајте сапуницата од сапунот директно во очите на бебето. Сапуницата од рачно направени сапуни е практично сол.
Увидовме дека единствен начин да се направи сапун кој ќе прави сапуница која нема да предизвика иритација во очите на бебето е само со додавање на хемикалии кои се потенцијални алергени и се канцерогени.
За која цена?
По ниеден основ и поради ниедна причина, ФЕДОР никогаш нема да користи хемикалии, парабени, вештачки мириси во своите продукти. Негата на кожата на нашите корисници е најважна за нас!

Имавме особена чест како ФЕДОР да бидеме дел од екслузивните козметички кошнички во 2015та на доделување на наградите на Златниот глобус заедно со многу други светски брендови. Познати личности од светот на филмот и забавата добија кошнички со ФЕДОР сапуни, како Опра, Џенифер Анистон, Чејнинг Татум, Колин Фарел и други.

(сите слики прикажани на оваа страница се само за илустрација. Вистинските бои на продуктите и пакувањето може да варираат од продукт до продукт поради ефектите на рачната изработка)

Exclusively Handmade Natural Skin Care Soap Bar for babies.

Beautiful handcrafted natural soap bar from Organic Goat milk, extra virgin organic Coconut, organic Shea butter and extra virgin Olive, Jojoba, Avocado and Castor oils.

Category: 

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.