Гилгамеш

Автор: Непознат
Жанр: Еп
Број на страници: 92
Година на издание: 2016

250 ден

Само 2 останати во залиха

Опис

Сумеро-вавилонскиот еп „ Гилгамеш“ е најстарото литературно дело за кое знае книжевната наука во светот. Времето  на неговото создавање на специјални глинени плочи научниците го датираат во ХIX или ХХ век пред н.е., што значи дека овој еп е создаден неколку векови порано од славните Хомерови епови, како и од сите  други познати древни дела („Веди“ итн.).Епот е создаден и е напишан на јазикот на Сумерите, народ кој тогаш бил населен во долниот дел на Месопотамија, меѓу  реките Тигар и Еуфрат, па се смета дека токму Сумерите се зачетници на најстарата зачувана култура  и творци на првото писмо  во историјата на човештвото, а јунакот кој цел живот бил во потрага по човечката бесмртност, ќе стане бесмртен во светската литература.

Овој врвен препев на еден од темелите на светската книжевност го направи Михаил Ренџов, еден од нашите најистакнати поети, вдахнувајќи му елементи од своето лирско искуство.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.