Јас , Тајкунот

Автор: Мирослав Мишковиќ
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Белетристика , роман , политика
Година на издание: 2018

500 ден

На залиха

Опис

По дваесет и осум години молчење, проговори Мирослав Мишковиќ, најголемиот бизнисмен во Србија од крајот на XX и почетокот на XXI век.

Зошто молчеше?

Зошто проговори сега?

Книгата Јас, тајкунот е единствената исповед на човекот кого Милошевиќ го сметаше за соработник, Ѓинѓиќ за пријател, Тадиќ за противник, а Вучиќ за непријател. Таа дава целосен поглед на српскиот претприемач, на историјатот на недоразбирањата меѓу државата и нејзините бизнисмени, на менталитетот на српскиот политичар и работник, на економското минато, сегашноста и иднината на Србија и регионот.

Мирослав Мишковиќ првпат зборува за тоа како го заработил првиот милион, а како Макси ја продал за милијарда, како ги развивал и зошто ги продал компаниите, каква е логиката на работењето и природата на знаењето потребни за креирање бизнис.

Откривајќи ги тајните на најуспешните компании од Вардар до Триглав, оваа книга станува вистински учебник по практична економија. Опишувајќи ги најголемите подвизи и промашувања на нејзиниот лидер и раскажувајќи за тоа како го киднапирал Земунскиот клан, а како го уапсила актуелната власт, исповедта на најпознатиот тајкун прераснува во несекојдневна автобиографија што го поставува економскиот трилер како нов жанр во нашата литература.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.