Како завршува Светот

Автор: Марија Ксилури
Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Белетристика , роман
Број на страници:
Година на издание: 2019

300 ден

На залиха

Опис

Животот е низа случајни крстосници, наликува на една Maria Ksiluri мала прошетка заедно со другите битија, бидејќи овој свет е малечок и нè присилува слободно да дишеме само со здивот на тој до нас. Романот раскажува за шест протагонисти Орестис, Фани, Димитрис, Фотис, Акос и Ана, кои живеат во годините на кршливата младост во свет во кој нема напредок. Првите четворица ги имаат завршено студиите, работат, се разведуваат, почнуваат нови врски, се венчаваат. И, со исклучок на Димитрис и Ана (кои се брат и сестра), израснати се далеку од Атина. Некои дури и потекнуваат од исто место, еден остров, кој не е именуван. Имаат уште нешто заедничко: некои од нив се израснати само со еден родител, а барем двајца од нив се „бележани“ со самоубиството на нивните сакани. Нивните приказни се случуваат од 2000 до 2008 година, но не секогаш праволиниски во времето. На крајот од ова наративно патување, во нурнувањето во длабочините на душата и во односите со другите, доаѓа прочистувањето, односно катарзата. Овој роман на Мариа Ксилури е добитник на Атинската награда за литература во 2013 година.

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.