Љубојна – Stela

Еден од нашите најреномирани бендови на 21виот век, Љубојна, во малку поинакво светло, со музика за филмот Стела (реж: Стојан Вујичиќ, прод: Огнен Антов).

Стилски препознатливо за Љубојна, пред се поради длабоката супстанца во гласот на Вера Милошевска – Јосифовска, но со повеќе од солидна доза авантура, која можеби навестува трансформативен период во интересите и работата на бендот. Македонскиот мелос, како автентична појдовна точка за Љубојна, доминира и со оваа плоча, па сепак, продукциски инклинира кон современи поп решенија и сето тоа завиено во топла џези обланда. Авторско дело на Оливер Јосифовски, материјалот природно му комплиментира на филмот за кој е сработен, но неверојатно добро стои и сам за себе, како посебен албум. Композициите “Каранфил Невесто“ и “Бај никола“ се извишуваат за по една глава над остатокот на плочата и претставуваат вистински модерни македонски поп хитови, можеби некои од најсилните парчиња домашна музика кои сме ги слушнале во последниве неколку години. Звукот на оваа плоча е беспрекорен, па органски и питомо го исполнува просторот каде што слушате музика. А оваа музика се слуша на грамофон.

1,500 ден

Рецензии

Сѐ уште нема препораки за овој производ.

Само логираните корисници кои го купиле овој производ можат да остават препорака.